недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Недановски: Среќен сум за победата и сакам да им честитам на играчите

Недановски: Среќен сум за победата и сакам да им честитам на играчите

Стратегот на РК Вардар 1961 Владо Недановски истакна дека победата радува, но мора да се биде претпазлив.

„Среќен сум за победата, како што кажав пред мечот само таа ни беше важна, испадна да е со висока гол-разлика, но пак ќе напоменам, еден може да е многу, десет гола да се малку. Игравме да победиме, го добивме дуелот со седум разлика, во преубав амбиент. Малку дамка остави меѓу „Чкембари“ и „Комити“, но тоа ни е познато, Сакам да им честитам на играчите за борбеноста и нека ни е со среќа триумфот“, изјави Недановски по мечот.