Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн. Ракометниот портал Балкан-Хендбол неофицијално дознава декa Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот клуб да настапи во ЕХФ Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023.
Како причина за ваквата одлука се наведува несредената финансиска ситуација, која пак го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап. Тогаш ЕХФ сепак му прогледа низ прсти на клубот од „Јане Сандански“, пишува порталот.
Официјалната одлука се очекува до крајот на неделата.