Репрезентацијата на Хрватска одигра одличен натпревар против Данска кој заврши без победник 32:32. Хрватите не можат да се помират со тоа што не успеаа да слават.
Една од ситуациите која најмногу се коментира се недосудените чекори на Симон Питлик во 47. минута од натпреварот кога Данецот постигна гол за 26:25.
Steps or clean? 🥴 🙄#POLSWE2023 pic.twitter.com/zpQ6VESgMy
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 19, 2023
Но, од Хрватска истакнуваа уште неколку пропусти кои биле клучни за исходот на натпреварот. Реакција во јавноста имаше и Веселин Вујовиќ кој порача дека Хрватска требало во овој натпревар да слави убедливо.