Македонскиот ракометен репрезентативец Ненад Костески останува во Пелистер и во следните три сезони, откако денеска потпиша нова соработка до 2025 година со битолчани.
Костески во Битола дојде пред три години од ППД Загреб, а е македонски репрезентативец кој беше дел од националниот тим на последното Европско првенство.
„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола“, рече Костески.