Македонскиот ракометен репрезентативец Никола Митревски сезонава импресионираше со настапите за Порто во Лигата на шампиони (ЛШ), па заслужено беше номиниран за чувар на мрежата за сезоната 2021/22.
Митревски имаше одлична сезона на мрежата на Порто, па беше номиниран заедно со Никлас Ландин, Бенјамин Буриќ, Андреас Волф, Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес.