четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Никола Митревски со нова улога во репрезентацијата

Никола Митревски со нова улога во репрезентацијата

Машката ракометна репрезентација денес го имаше првиот собир во пресрет на двата пријателски натпревари против Србија во рамките од јунската ЕХФ недела.

Селекторот Кирил Лазаров за овие два контролни натпревари се реши да ги тестира квалитетите на помладите ракометари, односно на оние кои играат во домашното првенство. Сепак, еден интернационалец и стандарден првотимец се појави на денешниот собир. Искусниот голман Никола Митревски доби нова улога во репрезентацијата, односно во следниот период ќе ги „учи“ своите наследници.

Во списокот на Лазаров на голманската позиција се најдоа младите Кизиќ и Петковски, како и Даниел Ѓорѓевски.