недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Николај Јакобсен ќе биде селектор на Данска до 2030 година

Николај Јакобсен ќе биде селектор на Данска до 2030 година

Николај Јакобсен ќе остане на чело на данската ракометна репрезентација откако овој стратег потпиша нов договор со важност до 2030 година.

Екс-тренерот на Рајн-Некар Левен е селектор на својата држава од 2017 година, успевајќи да ја предводи Данска до три титули во низа на светските шампионати.

Во федерацијата очекувано се задоволни од неговата работа, што резултираше со потпис на овој долгорочен договор.