Селекторото на данската маша ракометна репрезентација Николај Јакобсен за двомечот со нашите ракометари изјави дека Македонија игра традиционален ракомет и ја нарече по малку чудна екипа, затоа што во тимот има двајца тренери-играчи и нов селектор.
„Македонија игра традиционален ракомет. За дуелите со нас имаат нов селектор, двајца тренери-играчи и вратија неколку искусни ракометари. Така што може да се каже дека ќе играме против малку чудна селекција. Сепак, кога ќе се погледне комплетната слика, се работи за млада екипа, со неколку искусни ракометари“, рече Јакобсен.
„Реванш“ средбата против Данците ја игра во Алборг, в недела со почеток од 16:00 часот, додека мечот во Скопје е закажан за од 20:00 часот.