среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Николов и Начевски дел од Азиската Лига на шампиони

Николов и Начевски дел од Азиската Лига на шампиони

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски повторно добија потврда за нивниот светски квалитет, и сега од страна на ИХФ се номинирани да бидат дел од Азиската Лига на шампионите. Нашите судии ќе бидат единствените „странци“ меѓу делителите на правдата на тој турнир.

Тие натпревари се важни бидејќи се квалификации и за настап на Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство. Азиската Лига на шампиони ќе биде на почетокот на јуни, во Ешфахан во Иран.

Азиската ракометна федерација побарала од Светската ракометна федерација (ИХФ) да им додели врвни судии кои ќе можат да ги судат важните дуели од нивната лига на шампионите.