Најдобрата македонска судинска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби ново признание за својата квалитетна и успешна работа на ракометните терени, па така вечерва тие ќе го судат финалето на Африканското првенство.
Дуелот за титулата во Каиро се игра од 21 часот, а во истото домашната селекција на Египет влегува како огромен фаворит во битката со Зеленортските Острови.
Николов и Начевски треба да се погрижат се да помине како што треба на паркетот каде ќе имаме уште два познали ликови за нашата јавнос, екс тренерите на Вардар, Гарсија Парондо и Љубомир Обрадовиќ кои се селекторити на Египет и Зеленортските Острови