недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат мечот Нант – Веспрем

Николов и Начевски ќе го судат мечот Нант – Веспрем

Најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нова задача во ракометната Лига на шампиони и ќе судат на еден од четвртфиналните дуели кои се играат следната седмица.

Начевски и Николовќе патуваат во Франција каде ќе судат на дуелот меѓу Нант и Веспрем, екипи во кои настапуваат двајца македонски играчи – Кирил Лазаров и Дејан Манасков.

Овој дуел кој ќе се игра на 13 мај го носи епитетот на „македонска битка“ за Ф4, затоа што сигурно е дека еден наш ракометар ќе игра за титулата.

Реваншот меѓу Веспрем и Нант ќе се игра во Унгарија, а е закажан на 20 мај.