Светската ракометна федерација ИХФ ги објави судиските двојки за претстојниот Супер Глоуб што ќе се игра во Саудиска Арабија. Во комбинација се и нашите интернационални судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Најдобрата македонска судиска двојка, која со години е дел од европската и светска елита, би можела да биде дел од уште еден од големите ракометни настани.
Неофицијалното клупско светско првенство ќе се одржи од 18 до 23 октомври во Саудиска Арабија.