среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ним – Еурофарм Пелистер ќе го судат судии од Словачка

Ним – Еурофарм Пелистер ќе го судат судии од Словачка

Ракометарите на Еурофарм Пелистер откако стартуваа со 2022 година со натпреварите во домашното првенство и СЕХА лигата сега ќе го имаат првиот дуел и во Лигата на Европа, а истиот треба да биде одигран во вторник со почеток во 18:45 часот против Ним.

Тимот од Битола ќе биде гостин на овој меч и ќе се обиде да освои бодови на ова гостување со што би можел да се доближи до подобра позиција за пласман во елиминациите од натпреварувањето.

На овој дуел кој се игра во Ним судии ќе бидат Словаците Борис Мандак и Марио Рудински. Делегатот е од Хрватска, а станува збор за Синиша Рудиќ.

Еурофарм Пелистер игра во Групата Д и на четири кола до крајот од регуларниот дел од сезоната има осум поени. Има само еде бод помалку од тимот на Ним и затоа ова гостување ќе биде важно. Победа би можела да значи големо доближување до шанса за освојување на првото место во групата.