Најдобриот македонски судиски ракометен пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат својот прв натпревар на ЕУРО 2020 утре, станува збор за меч од конкуренцијата Е на шампионатот меѓу Исланд и Русија, пишува Дриблинг.мк.
За Николов и Начевски ова ќе биде прв меч на континеталниот шампионат, досега беа резерви (за првата фаза – предвидени беа за следната фаза), средбата меѓу Русија и Исланд се игра утре од 18-15 часот.
Русија во првото коло загуби од Унгарија 26-25, Исланд направи сензација победувајќи ја Данска со 31-30.