вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Нови детали: Во каква состојба бил Денис Тот кога беше пронајден од Брзата помош?

Нови детали: Во каква состојба бил Денис Тот кога беше пронајден од Брзата помош?

Лекарска екипа на Службата за итна медицинска помош во Скопје го пронашла ракометарот Денис Тот, вчераутро пред дискотека во Градскиот парк, откако од  непознат телефонски број околу 4 часот го примиле повикот за интервенција, пишува НоваТВ.

Ракометарот Тот почина денеска на КАРИЛ, каде во бесознание, без срцева акција, но без видливи траги на насилство, вчера бил донесен, по што веднаш му била  пружена лекарска помош.

-Кога екипата на Итна помош вчера рано наутро пристигнала да интервенира, тој бил легнат пред дискотеката „Привилеџ“ и бил помодрен во лицето. Немало траги на насилство, а лекарите констатирале ниска сатурација и слаб пулс, како и дека момчето мирисало на алкохол. Тие ги примениле постапките за реанимација и веднаш го транспортирале на Ургентниот центар на скопските клиники „Мајка Тереза“, потврдија за НоваТВ од Здравствениот дом – Скопје.

Директорка на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова Миовска, денеска изјави дека кај пациентот не биле пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.