Македонскиот ракометен шампион Вардар утре на домашен терен ќе го пречека хрватскиот ППД Загреб во еден од одлучувачките натпревари за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Тренерот на гостите Ивица Обрван вели дека доколку бидат вистински може да стигнат до позитивен резултат на оваа гостување.
„Добро го познаваме Вардар, единствено што го променија е тренерот, можеби и начинот на игра. Во некои комбинации и бод би ни бил доволен за осминафинале, но не размислуваме на тоа. Сакаме по Пик Сегед да одиграме уште еден добар натпревар. Покажавме колку сме способни да одиграме добро на гости како во Брест и Монпелје. Ако бидеме ние вистинските можеме до позитивен резултат“, изјави Обрван.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.