Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица на натпреварите што ќе се играат на завршните турнири во Купот на Македонија.
Финалето кај мажите ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, додека финалниот дуел кај дамите им припадна на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на најдобрите осум екипи во машка и женска конкуренција.
На 13 мај се полуфиналните натпревари кај мажите, додека дамите ги играат полуфиналните средби на 14 мај. В недела, на 15 мај на програмата се двете финални средби.
Распоред на натпревари, Куп на Македонија:
13 мај
17:00, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР
судии: Дејан и Димитар Георгиевски, делегати: Камер Металари и Душко Камишевски
20:00, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ
судии: Исмаил Металри и Ненад Николовски, делегати: Васил Чавдаров и Драган Начевски
14 мај
14:00, КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ
судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева, делегат: Цано Куртовиќ
17:00, ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
судии: Методија и Михајло Илиевски, делегат: Славчо Каланоски
15 мај
17:00, ФИНАЛЕ ЖЕНИ
судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, делегати: Љупчо Јаневски и Марјан Огњановски
19:30, ФИНАЛЕ МАЖИ
судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегати: Ацо Николовски и Русе Наумовски
foto: gol.mk