недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Oдредени судиите за ракометниот Куп на Македонија

Oдредени судиите за ракометниот Куп на Македонија

Денес ракометната федерација на Македонија ги одреди судиите за претстојниот завршен турнир во Купот на Македонија кој од утре до сабота ќе се одржува во Охрид.

Очекувано, помеѓу судиите е и нашата најдобра судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Сепак, Начевски и Николов нема да го судат финалето, меѓутоа ќе делат правда на дербито помеѓу Алкалоид и Вардар.

Првото полуфинале во кое ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Пролет ќе го судат Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. Задолжени за финалето в сабота од 18:00 часот Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Финалето во женска конкуренција што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.

Полуфиналниот натпревар помеѓу Металург и Куманово им припадна на Сашо Кркачев и Ѓоко КолевскиЛејла Јашар и Михаела Капсарева ќе судат на второто полуфинале помеѓу Вардар и Ѓорче Петров.