четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Младеновиќ во аут, Петров во тимот за Аргентина

ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Младеновиќ во аут, Петров во тимот за Аргентина

Селекторот Кирил Лазаров направи една промена во составот на Македонија за натпреварот против Аргентина, последен од групната фаза на Светското првенство (СП) на кој потребна ни е победа.

На местото на Михајло Младеновиќ, во тимот е пивотот Костадин Петров. Тоа е единствена промена во националниот тим за првата меѓусебна средба против „гаучосите“ во историјата.

Македонија мора да оди на триумф на овој меч за да патува во втората фаза, во спротивно ќе мора да се задоволи со Президент Купот.

Натпреварот меѓу Македонија и Аргентина ќе се игра во Краков, а стартува од 18:00 часот.

Официјални состави за мечот Македонија – Аргентина: