среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ОИ: Јапонија ја шокираше Португалија

ОИ: Јапонија ја шокираше Португалија

Јапонската машка ракометна репрезентација славеше минимално против Португалија со 31:30, но победата не оди во прилог за домаќинот бидејќи Бахреин го освои четвртото место во групата Б и се пласира во следната фаза од ракометниот турнир во Токио.

Последните три екипи во групата завршија со по една победа, а триумфот од 32:30 на Бахреинците против Јапонија од пред два дена беше доволен за да продолжат понатаму.

Подоцна разигруваат Данска и Шведска за првото место во групата Б, а во меѓувреме Шпанија лесно ја совлада Аргентина со 36:27 за потврда на второто место во групата А.