недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Паличка кога ќе збесне (ВИДЕО)

Паличка кога ќе збесне (ВИДЕО)

Шведска излезе како победник во дуелот со Исланд (35:30) и тоа во средба во која играч на натпреварот беше голманот Андреа Паличка кој беше брилијантен пред се во второто полувреме.

Тој имаше неколку атрактивни интервенции во негов стил или вкупно имаше 11 одбрани со што и овозможи на својата селекција да го потврди пласманот во четвртфиналната рунда.

Воедно Паличка беше учесник и во еден инцидент, необична ситуација на почетокот на второто полувреме кога буквално полуде откако не успеа да ја земе топката од Елиди Видарсон кој лежеше на истата.

Ветеранот се обиде на секој начин да ја собере топката и отвори акција за националниот тим, па го растргна, „згмечи“ Исланѓанецот, па мораше да интервенира Ѓорѓи Начевски и да ја смири ситуацијата.

На крајот по прегледување на снимката беше казнет со две минути исто како и Видарсон.