вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

„Панцирите“ покажаа моќ на првиот меч од нашата група: Германија ја торпедираше Црна Гора

Генсхајмер со девет погодоци и само едно промашување, беше прв играч на средбата. Пол Друкс имаше 100% ефект и пет гола, а по три погодоци имаа Вајнхолд, Колбахер и Кун. Одличен натпревар имаше и голманот Волф кој забележа 12 одрани (46%).
„Панцирите“ покажаа моќ на првиот меч од нашата група: Германија ја торпедираше Црна Гора

Актуелниот европски шампион, Германија ја „прегази” Црна Гора во првиот натпревар од нашата група на ЕП 2018, „Панцирите” славеа со високи 32-19

Германија важеше за голем фаворит во пресрет на мечот, и избраниците на Прокоп токму тоа го демонстрираа на теренот.

„Панцирите“ водеа од почеток до крајот, Црна Гора парираше само во првите десетина минути, за потоа Германија да направи серија 8-0 и да ги реши сите дилеми околу победникот.

На пауза актуелниот европски шампион замина со +8 (17-9), а во продолжението од средбата, предноста само се зголемуваше.

Германија во неколку наврати имаше +14 за конечниот резултат на семафорот да гласи 32-19.

Генсхајмер со девет погодоци и само едно промашување, беше прв играч на средбата. Пол Друкс имаше 100% ефект и пет гола, а по три погодоци имаа Вајнхолд, Колбахер и Кун. Одличен натпревар имаше и голманот Волф кој забележа 12 одрани (46%).

Во редовите на Црна Гора, прв играч беше Владан Липовина со седум погодоци.