По триумфот над Загреб (28:26) во дербито на ракометната регионална СЕХА-лига, тренерот на Вардар, Роберто Парондо на прес-конференцијата рече дека тимот победи иако не се прикажа во најдобро светло.
– Среќни сме поради победата над квалитетен тим каков што е Загреб кој одигра квалитетен натпревар. Ние не почнавме добро, но за нас е најважно тоа што победивме. Двата тима имаа обезбедено место во се во „фајнал фор“, а ние сме фокусирани кон сабота кога не очекува многу важен натпревар со Монпеље во Лигата на шампионите, рече Парондо.
Свое видување на мечот имаше и десното крило Иван Чупиќ.
– Како и секогаш со Загреб нијанси одлучуваат за победникот. Ние настапивме без 4-5 играчи од првата седморка па затоа беше многу тешко. Тие што беа на теренот, а туку би ги издвоил Карачиќ, Мореаш и Кристопанс, дадоа повеќе од тоа што треба. Најважно е тоа што бодовите останаа во Скопје, а сега се насочуваме кон сабота и средбата со Монпеље, изјави Чупиќ.