недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Пех за Вардар – се повреди Дарко Ѓукиќ

Пех за Вардар – се повреди Дарко Ѓукиќ

Maкедонскиот ракометен шампион Вардар 1961, забележа уште една сигурна победа во новата сезона во Суперлигата.

„Црвено-црните“ во Прилеп славеа со убедливи 19-34, но немаа многу причини за славје, затоа што може долг период да останат без услугите на српскиот ракометар Дарко Ѓукиќ.

На самиот старт од вториот дел, Ѓукиќ при еден напад како десен бек, незгодно доскокна и настрада неговото колено. Лекарскиот тим на вардарци експресно реагираше, а Ѓукиќ на рацете на соиграчите беше изнесен од терен.