недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пелистерци без Дејвис, но со Атанасијевиќ заминаа за Шпанија

Пелистерци без Дејвис, но со Атанасијевиќ заминаа за Шпанија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва ќе пристигнат во Ирун, каде ги очекува последното гостување во официјален натпревар оваа година. Во рамките од петтото коло на групата на Европската лига гостуваат кај вицешампионот на АСОБАЛ лигата, Бидасоа Ирун.

Тимот на Валтер има изгледна позиција во групата и со исти бодови го чека двомечот против Шпанците (вториот натпревар е на 13 декември во Битола).

Сепак, данскиот тренер пак не може да смета на многу ракометари. Заради повреда за Шпанија не отпатува Вилсон Дејвис и им се приклучи на Суси, Сери и Велковски, кои исто така не се во комбинација за настап. Сепак, радува враќањето на Павле Атанасијевиќ, кој се повреди пред една недела, не настапи во петокот во Кавадарци, но ќе биде спремен за дуелот со шпанскиот прегставник.

Натпреварот Бидасоа Ирун – Еурофарм Пелистер ќе го водат Карим и Рауф Гасми од Франција, а делегат на ЕХФ е Португалецот Антонио Гулао. Дуелот започнува во вторник од 20:45 часот.