Откако утрово преку Виена пристигнаа во малото унгарско гратче Татабања, ракометарите на Еурфарм Пелистер го одработија првиот тренинг на унгарско тло пред натпреварот од деветтото коло на групата Д на Европската лига.
Во Унгарија нема да играат Табоада, Обрадовиќ и Велковски, но се враќаат Ојлески, Божиќ Павлетиќ и Мараш. Утре од 10:00 часот изутрина пелистерци ќе тренираат во новата арена на Татабања, каде што ќе се игра натпреварот.
Еурофарм Пелистер на првиот дуел ги совлада Унгарците со 33-20, а екипата на Драган Ѓукиќ ќе има можност за поправен испит утре попладне од 18:45 часот.