сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Перез Де Варгас ќе ја напушти Барса и се сели во Кил

Перез Де Варгас ќе ја напушти Барса и се сели во Кил

Легендарниот шпански голман, Гонзало Перез де Варгас, после цели четиринаесет години ја напушти Барселона и се сели во Германија, каде ќе настапува за четирикратниот европски шампион Кил.

Перез Де Варгас изјави дека е среќен од трансферот и едвај чека да се запознае со сите свои соиграчи, со кои ќе се обидат да го вратат Кил во самиот врв на европскиот ракомет.

„Јас секогаш знаев дека ако одам во Германија, тоа мора да биде Кил. Овој клуб има неверојатна организација и славна историја. Навистина е чест што ќе бидам дел од „зебрите“ и ќе го дадам мојот максимум за успех на секој натпревар“, изјави Гонзало де Варгас.

Актуелниот германски шампион добива сериозно засилување на голманската позиција, но навивачите ќе мораат да почекаат уште најмалку една сезона за да го видат Гонзало Перез де Варгас во дресот на својот омилен клуб.