вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пешевски: Имаме шанси да победиме против Колстад

Пешевски: Имаме шанси да победиме против Колстад

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во рамките на првото коло од ЛШ ќе игра против Колдинг. Во пресрет на мечот Жарко Пешевски даде свое видување.

„Точно, емоцијата може да биде пресудна, но може да го даде и оној чекор напред, онаа посебна сила за да бидеш подобар и посмирен од противникот, да му зададеш удар и да се радуваш на крајот. Играме против супер екипа како Колстад, која негува агресивен и динамичен ракомет“, вели капитенот на Пелистер, Жарко Пешевски.

Тој и соирачите пред себе имаат еден тим кој има амбиции да биде фактор во европскиот ракомет, ако не оваа сезона, тогаш во блиска иднина. Предводени се од Сандер Сагосен, кој во кариерата бил шампион на Европа, на Данска, Германија и на Франција, а редовно на големите првенства е дел од „ол-стар“ тимовите.

„Се работи за тим составен од повеќе норвешки репрезентативци, на чело со Сагосен. Тој, Род и двајцата голмани се лидери во тимот. Имаат искалена, агресивна одбрана, за која со видео анализи треба добро да се подготвиме за да ги пробиеме. Но, мислам дека ако сè оди по планот, имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме. Мислам дека ова наше место ни е заслужено како шампиони на Македонија по осумнаесет години. Ние и фановите треба заедно добро да се поставиме и ќе бидеме светла точка која гордо ќе ја претставува и Македонија и овој ракометен град, Битола“, заклучи Пешевски.

Мњчот  Пелистер – Колстад се игра в среда од 18.45 часот.