сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пешевски: Огромни се гостинските бодови во Европа

Пешевски: Огромни се гостинските бодови во Европа
- EHF European League HC Motor Zaporizhzhia gegenHC Eurofarm Pelister 29.11.2022 in Düsseldorf. Foto: Kenny Beele

По двата домашни порази против фаворитите во групата, Архус и Фуксе Берлин, македонскиот претставник во Европската лига, Еурофарм Пелистер одговори со две гостински победи и го трасира патот кон трето по ред осминафинале.

Екипата на Ларс Валтер славеше во Германија против Мотор со 30-33 (16-18), во дуел во кој битолчани водеа во текот на сите шеесет минути.Кружниот напаѓач Жарко Пешевски смета дека овој натпревар е најдобар можен одговор за лошото половина полувреме против Фуксе Берлин.

„Одговоривме на најдобар можен начин за можеби лошите 15 минути против Фуксе Берлин. Се консолидиравме, заздравиме психички и физички и од првата минута покажавме дека дојдовме тука да се бориме, секој да го заслужи овој дрес и на крајот да си заминеме со големи два бода и со победа.Огромно значење имаат овие четири бода на гостински терен, тоа ќе ни биде како „ветер во грб“ за наредните натпревари. Се спремаме за натпреварот во Кавадарци против Тиквеш во петок, тоа е озбилно гостување, па ни следи тешко патување за Шпанија. На секој натпревар се стремиме да бидеме подобри од претходниоти да се собереме што е можно повеќе бодови на крајот од групата“, смета кружниот напаѓач.