Поранешниот ракометар на Вардар Глеб Калараш, кариерата ќе ја продолжи во ПИК Сегед.
Рускиот интернационалец во редовите на клубот од Сегед ќе ги засили од Мелсунген, за кој настапува од октомври, 2021 година.
Искусниот ракометар во својата кариера беше дел и од екипите на Балинген, Мотор, Магдебург и Вардар.
ПИК Сегед претходно се засили со хрватскиот репрезентативец и член на Нексе, Марин Јелиниќ и голманот од Елверум, Емил Имсгард.