сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Почнува традиционалниот „Струшки ракометен турнир“

Почнува традиционалниот „Струшки ракометен турнир“

Со македонски екипи, без интернационални гости денеска на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга почнува 49. издание на „Струшкиот ракометен турнир“.

Традиционалниот турнир ќе го отворат екипите на домаќинот Струга и Вардар, а по свеченото отворање силите на теренот ќе ги одмерат Тиквеш и Металург.

Турнирот ќе трае до 15 август, а шесте македонски екипи ќе се натпреваруваат во две групи.

Во Првата група се екипите на Струга, Бутел и Вардар, додека во втората ќе настапат Еурофарм Пелистер, Металург и Тиквеш.

Бранител на трофејот е Еурофарм Пелистер.