Македонскиот првак Вардар 1961 ќе ја предводи групата Б, додека вицешампионот Еурофарм Пелистер групата А на традиционалниот меѓународен Струшки ракометен турнир, чие јубилејно 50. издание ќе се одржи од 16 до 20 август на отвореното игралиште кај „Женска плажа“ во Струга.
Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК од Солун и словачки Татран Прешов.
Покрај Вардар, во групата Б се македонските прволигаши Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје.