среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Позната е официјалната химна на Светското првенство 2023 година (ВИДЕО)

Позната е официјалната химна на Светското првенство 2023 година (ВИДЕО)

Машката ракометна репрезентација е единствениот национален тим кој секоја година учествува на големите натпреварувања. Кирил Лазаров и неговите избраници во јануари 2023 година ќе бидат дел од Светското првенство кое ќе се одржи во Полска и Шведска.

Нашата репрезентација ќе игра во Краков, а место за следната рунда ќе бара против Норвешка, Аргентина и Холандија.

Мундијот стартува официјално на 12 јануари и ќе трае до 29 јануари. Македонија првиот меч го игра на 13. јануари против Холандија.

Домаќините на Светското првенство ја објавија официјалната химна, истата ја изведува Алисја, девојка која победи на „Гласот на Полска“ во 2019. Песната се вика „Stick together“