Денес беше извршена ждрепката за прво коло од ракометниот куп во Македонија, каде свое учество оваа сезона ќе имаат 32 екипи во машка конкуренција и 13 во женска конкуренција.
Почетокот на турнирот ќе биде во вид на елиминациска фаза, а по првите мечеви ќе бидат формирани четири групи со по четири екипи.
Мечевите кај мажите се играат на 24 и 25 февруари, додека кај дамите на 6 и 7 март.
Во машка конкуренција се следните парови :
Прилеп – Аеродром
Делчево – Охрид
Пролет – Борец
Кичево – Бутел Скопје
Преспа – Струга
Риниа М – Работнички
Металург РА – Радовиш
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино
Еурофарм Пелистер 2 – Јехона
Јуниор КВ – Драчево
Младост Богданци – Скопје
Куманово – Металург
Вардар – Текстилец
Астраион – Македонија ЃП
Шампион – Тиквеш
Партизан Гевгелија – Голден Арт КЛ7
Во женска конкуренција, поради непарен број на учесници, во една група има четири екипи, додека во три групи, играат по три екипи.
Во група А
Шампион – Металург
Спартак – Кузман Вардар Илинден
Во група Б
Чаир – Деспина
Ѓорче Петров оди дииректно во финале
Во група Ц
Овче Поле СУ – Стружанка
Вардар оди директно во финале
Во група Д
Гевгелија – Куманово
Пелистер оди директно во финале