ЖРК Куманово, ЖРК Вардар, ЖРК Чаир и ЖРК Металург се четирите екипи кои ќе се борат за титулата во женскиот ракометен Куп на Македонија
ЖРК Вардар славеше над ЖРК Стружанка (27-19), откако повеќе од дванаесет минути домаќинот не прими гол.
ЖРК Куманово беше убедлив против ЖРК Пелистер со 49-24. Далеку поискусниот тим изразито доминираше од почетокот до крајот и запиша висока победа.
ЖРК Чаир дојде до тесна победа над ЖРК Ѓорче Петров од 29-27., додека ЖРК Металург убедливо го победи ЖРК Спартак со 32-22.