четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати судиите за денешниот натпревар Македонија-Бахреин

Познати судиите за денешниот натпревар Македонија-Бахреин

Рамзи Хениси и Исмаил Буалуча од Тунис ќе бидат судии на денешниот натпревар кој нашата ракометна репрезентација ќе го одигра против селекцијата на Бахреин.

Тоа се судиите кои ја имаа тешката задача да го контролираат дербито од првото коло во нашата група, меѓу Хрватска и Исланд, во кое победија Хрватите.

Ракометарите денеска од 14 часот во „Олимпик хале“ во Минхен ќе го одиграат вториот натпревар од Светското првенство кое се одржува во Германија и Данка, а во потрага по втората победа.

Очекувањата се избраниците на Раул Гонзалез без поголеми да ја запишат втората победа против аутсајдерот во „групата Б“, пред клучните дуели со Хрватска, Исланд и Шпанија кои се играат претстојната недела.

Селекторот на „жолто-црвените“ за овој натпревар излегува со ист состав како на претходниот меч со Јапонија, кој го добивме со 38-29. Бахреин првиот меч го изгуби убедливо против Шпанија (33-23).

Репрезентативците во вчерашните изјави за медиумите потврдија дека максимално се подготвуваат за дуелот со азискиот тим и дека не смее да има опуштање во тимот.