Хрватскиот ракометен шампион Загреб денес објави дека во следната сезона, Јаков Гојун и Дино Славиќ ќе бидат новите ракометари во тимот.
Јаков Гојун во Загреб ќе пристигне од германскиот тим, Фуксе Берлин. Пред тоа Гојун една сезона помина во Атлетико Мадрид, 2012/2013, потоа играше две сезони во големиот тим на ПСЖ. Во 2015 година се реши да го прифати големиот предизвик во Фуксе Берлин.
Голот на Загреб освен Филип Ивиќ ќе го брани и Дино Славиќ, коj моментално е член на шпанскиот клуб, Адемар Леон. Загреб за следната сезона ќе има подобар тим од оваа, бидејќи покрај наведените засилувања ќе пристигнат и Жељко Муса од Магдебург и ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ.