четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Проблеми за Франција – Ремили ќе го пропушти турнирот, Карабатиќ со позитивен тест

Проблеми за Франција – Ремили ќе го пропушти турнирот, Карабатиќ со позитивен тест

Три недели пред почетокот на ракометното Европско првенство, Французите добија лоша информација од таборот на ПСЖ.

Шампионатот ќе го пропушти Недим Ремили, кој заработил фрактура на стапалото и мора да оди на принудна пауза.

Отсуството на Ремили е сериозен удар за францускиот селектор Гијом Жил. Никола Карабатиќ, Беноа Кунку и Јани Лен имале позитивен тест на ковид-19 и ќе го пропуштат почетокот на подготовките за Европското првенство.

Искусниот голман Венсан Жерар исто така нема да тренира од стартот на подготовките поради семејни причини.

Франција на ЕП е во група со Хрватска, Србија и Украина.