Францускиот првак ПСЖ објави дека е потпишан договор со шпанскиот кружен напаѓач Рубен Марчан.
28-годишниот играч на Нант доаѓа на лето во тимот предводен од Раул Гонзалес, и се обврза на соработка до 2025 година. Марчан имаше договор со Нант уште една сезона, но реши да ја промени средината бидејќи Жереми Тото и Тео Монар добиваат поголема шанса.
Шпанецот потекнува од Манзанарес, играше за Куенка и Бенидорм, пред да се пресели во Адемар Леон, од каде замина во Франција. Во ПСЖ ќе игра во тројка со Лука Карабатиќ и Камил Шипжак.