недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пуштени во продажба билетите за натпреварот Вардар – Рајн Некар

Пуштени во продажба билетите за натпреварот Вардар – Рајн Некар

Од денес пуштени се во продажба билетите за натпреварот Вардар 1961 – Рајн Некар

За првиот натпревар од квалификациите за Европската лига на ЕХФ, што Вардар 1961 ќе го игра против германски Рајн Некар, во продажба се пуштени билети за сите трибини на СЦ „Јане Сандански“.

Билетите ќе може да се купат по цена од 200, 250 и 300 денари, а од денес се во продажба преку интернет.

Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Рајн Некар Левен е закажан за 26 август 2023 со почеток во 19:00 часот. Возвратниот натпревар е една недела подоцна во „САП Арена“.

Вечерва во Охрид, вардарци на Владо Недановски ќе се борат за титулата на Струшкиот турнир. Во финалето ривал на „црвено-црните“ е вицешампионот Алкалоид.