среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарите убедливо го победија Мароко

Ракометарите убедливо го победија Мароко

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство што се игра во Полска и Шведска и во последниот натпревар на Мундијалот ќе игра за 27-то место.

Црвено-жолтите вечерва славеа со убедливи 40:25 против Мароко и го освоија второто место во групата 2 во Президент Купот кое им донесе меч за 27-то место на СП против Јужна Кореја.

Интересно е што и втората победа, Македонија ја оствари со идентичен резултат како и против Алжир пред четири дена.

Селекторот Кирил Лазаров одлучи вечерва шанса да им даде на помладите репрезентативци, ги одмори искусните крила Манасков и Георгиевски, како и првиот голман Митревски, а лидер на теренот беше Филип Миркуловски.