Македонската женска ракометна репрезентација ги доби имињата на противниците за следната фаза на Европското младински првенство кое се одржува во Романија.
Избраничките на Јулијана Дамчевска во следната фаза ќе играат во новофоримираната група со Норвешка и Србија, секако и Чешка.
Нашите девојки стартуваат без бодови исто како и Србија. Двете најдобропласирани од оваа група ќе разигруваат за пласман од 9-12 место, додека останатите за пласман од 13-16 место.
Прв противник на Македонија е селекцијата на Норвешка, мечот е закажан со почеток во 12 часот.