Женската ракометна репрезентација на Македонија како еден од домаќините на Европското првенство 2022 година сите натпревари во Скопје во „Борис Трајковски“ ќе ги игра во терминот од 18 часот.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски натпреварите ќе ги почнат на 5.ноември против Франција во рамки на Групата Ц, два дена подоцна ќе ги одмерат силите со Холандија, а на 9.ноември играме против Романија.
Групата што ја доби Македонија на ждрепката минатата недела е исклучително тешка, па ќе биде навистина големо изненадување ако успееме да ја минеме првата фаза и да играме во главната рунда, што исто така се игра во Скопје.
Преостанатите групи се играат во Словенија, односно Црна Гора, кои се ко-организатори на континенталниот турнир заедно со Македонија.