Македонската женска ракометна репрезентација го загуби првиот натпревар на Медитеранските игри во Алжир откако денеска бевме поразени од Турција со убедливи 34-27.
Избраничките на Љубомир Савевски беа добри на стартот од мечот, резултатот беше 9-9 кога Турчинките почнаа да се одлепуваат, на одморот противникот имаше предност од 19-16.
Во вторите 30 минути сликата беше иста, Турција ја зголеми предноста и на крајот го доби мечот со 34-27. Најефикасна во нашиот состав беше Кипријановска со шест голови, Џатевска постигна пет. Следниот натпревар на Македонија е против Србија.