петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометниот Супер Куп ќе се игра на 28. август

Ракометниот Супер Куп ќе се игра на 28. август

Првиот официјален трофеј во ракометната сезона 2022/23 ќе биде доделен на 28 август. Кон крајот на следниот месец eкипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се борат за македонскиот Суперкуп.

Шампионот и финалистот на Купот на Македонија од минатата сезона ќе се сретнат меѓу СЕХА-активностите на двете екипи, а локацијата треба да биде дополнително позната.

„Црвено-црните“ во својата клупска историја освеиле три титули во Суперкупот, додека тимот од Битола во минатата сезона дојде до првиот.