четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

„Ракометниот терен е мојот свет“, почнаа подготовките за второто издание на ракометниот камп „40х20“

„Ракометниот терен е мојот свет“, почнаа подготовките за второто издание на ракометниот камп „40х20“

По успешно организирано прво издание на ракометниoт камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, Агенцијата КМГ Спорт, како организатор на истиот, го најавува второто издание, кое од 2 до 7 јули ќе се одржи во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид.

– Во зависност од возраста на учесниците на кампот, предвидени се засебни програми по кои ќе се работи. Повозрасните ракометари/ки, родени 2008 година и поголеми, ќе работат доминантно индивидуални тренинзи, во мали групи, со тренери кои се докажани во работа со млади категории, надополнети со групни тренинзи и натпревари. Групите формирани од помлади учесници ќе работат по програма адекватна за возраста, но кај нив ќе се обрне внимание и на сегменти кои се важни за таа возраст, како осамостојување, социјализација, предавања за здрав начин на живот и здрава исхрана, едукација во сегментот на пливање и кајак, тимска дисциплина во однос на тренинг, одговорност итн, но секако ќе имаат и повеќе простор за забава и дружење, имајќи предвид возраста, вели Горан Ѓоргоноски, основач и коодринатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“.

Кампот е наменет за момци и девојки на возраст од 7 до 17 години.

– Со цел анимација на децата од Македонија и странство во сегментот на ракометната игра, но и надградба на повозрасните групи на ракометари/ки, ќе бидат ангажирани голем број на ракометни тренери од земјата и странство, стручни лица во областа на спортската психологија и нутриционизам, превенција од повреди и подготовка за тренинг.

Минатиот јуни, на премиерното издание во Охрид, партиципираа повеќе од 70 момчиња и девојки од земјата, но и од странство, а оваа година има најави за повеќе учесници.