Македонската кадетска ракометна репрезентација ја совлада селекцијата на Романија во контролен меч минимално со 31-30. Во салата во Автокоманда, избраниците на Раде Стојановиќ успеаја да на крајот да дојдат до триумф.
Во оваа ЕХФ недела, нашите кадети ќе одиграат уште еден меч со Романија.
Кадетската репрезентација се подготвува за Светското првенство во Хрватска. Македонија е во група заедно со Норвешка, Црна Гора и уште една селекција која ќе биде позната подоцна.