Кадетската ракометна репрезентација на Македонија забележа уште една победа над Романија во рамките на ЕХФ неделата.
Избраниците на Раде Стојановиќ вчера го совладаа овој противник со 31:30, додека пак денеска нашите надежи славеа со 32:28 во салата во Автокоманда.
Со овои два теста Стојановиќ имаше можност да види до каде се играчите, но и што може да се поправи пред Светското првенство кое годинава ќе се одржи во Хрватска.
Ние сме во група со Норвешка, Црна Гора и победникот на IHF Trophy што треба да се оддржи во Костарика.