Селекторот на македонската ракометна репрезентација, раул Гонзалес го закажа првиот официјален собир за подготовките за бараж натпреварите за СП 2019 против Романија.
Собирот е закажан за 4 јуни (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.
Шпанскиот стручњак повика 20 ракометари од кои ќе го избере тимот кој ќе се обиде да обезбеди учество на Мундијалот.
Раул упати повик до:
Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски.
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски.
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески.
Пивоти: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски.
– Во меѓувреме неколкумина ракометари од селекцијата кои веќе ги завршија обврските за своите клубови во натпреварувачката сезона, ќе работат индивидуални тренинзи со селекторот, информираат од РФМ.
Македонија на 10 јуни е домаќин на Романија, а три дена подоцна во Клуж ќе го игра реваншот.