Раул Гонзалес наскоро ќе дебитира како тренер во клуб од најсилната шпанска лига, потег за кој добил зелено светло од досегашниот клуб Реал Мадрид.
Легендарниот напаѓач последниве години го води вториот тим на Реал и досега не сакаше да прифати некоја од пристигнатите понуди, но ситуацијата е поинаква во случајот со Вилјареал.
Шпанскиот прволигаш го отпушти Кике Сетиен во оваа репрезентативна пауза, а идејата е негов наследник да биде токму Раул, кој има големи амбиции и во тренерската кариера.
„Марка“ пренесува дека за разлика од претходните понуди, таа на Вилјареал го „испровоцирала“ Раул доволно, па тој побарал мислење и од раководството на Реал, кое му потврдило дека нема да му стои на патот ако одлучи да ја прифати функцијата. Вилјареал очајно ја почна новата сезона и освои само три бода по првите четири кола.